
Ново милтифункционално возило ќе набави ЈП „Исар“ за сопствените потреби со што дополнително ќе се подобрат и услугите кон граѓаните. Како што вели директорот, Александар Арсовски, претходната пракса покажала дека ова возило ќе биде од големо значење, а потребни се четири милиони и 500 илјади денари.
„Станува збор за мултифункционално возило кое како тип веќе го имаме и секојдневната употреба покажува дека е возио кое доколку се набави во голема мера ќе се подобрат условите за работа на нашите работници. Тоа е возило со приклучни додатоци“ – вели Арсовски.
Дополнително советниците дадоа зелено светло за предвидување нови вработувања во ова јавно претпријатие.
„Моментално вработени има 191 лице, од кои административни службеници 43, давање на услуги 113, технички и помошен персонал 35. Со новиот план за вработување се предвидени уште 110, од кои администрација 18, даватели на услуги 63 и технички персонал 29.“ – додава Арсовски.
Со помош на нови вработува и ново мултифункционално возило значително ќе се олесни работата на ЈП Исар, а тоа значи и значително подобрување на улугите кон граѓаните.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет