Завршуваат активностите во Големата сала во Општина Штип, ќе се реконструираат и просториите, холовите и тоалетите

Во наредните неколку дена целосно треба да биде завршена реконструкцијата на големата сала во Општина Штип. Поголем дел од работите веќе се завршени со што може да се забележи новиот изглед на оваа сала која не е реконструирана во послените четири децении. Претходниот период се реконструираше и кровот на административната зграда, а во периодот кој следи ќе се пристапи кон реконструкција на просториите, холовите и тоалетите.

„Она коешто се направи е етапно и фазно реконструкција на админстративната зграда на Општина Штип. Се реконструираше кровот, а во завршна фаза е реконструкцијата на големата сала. Во периодот кој следи ќе се реконструираат просториите во рамки на административната зграда, холовите и тоалетите. Буџетот на Општина Штип предвидува средства со коишто фазно ќе се реконструираат делови од оваа административна зграда“ – вели Јорданов.

Досега се потрошени околу четири милиони денари, од кои три за кровот и еден за големата сала. За сите идни активности и зафати допонително ќе бидат обезбедени и финансиски средства.

„Еден милион денари е предвидено за реконструкцијата за големата сала во Општина Штип. За кровната конструкција се потрошени околу три милиони денари.“ – додава Јорданов.

Инаку, наредната седница на Советот на Општина Штип се очекува да се одржи во новата реконструирана голема сала.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет