
Жестока и робусна, како никогаш досега е контролата на цените на производите, вели премиерот Мицкоски во денешната посета од Св.Николе. Од таму тој упати апел до трговците, да стават прст на лечо и да размислат и наместо да нарачуваат платени пресконференции кај опозицијата, да се свртат кон себе и да служат на граѓаните, бидејки како што и тој вели тие се нивните потрошувачи. Тој рече дека процесот е динамичен со што очекува намалување на трошоците во март, споредбено со февруари.
“Се бориме, процесот е динамичен, можам да кажам дека очекувам намалување на трошоците веќе март месец, споредбено со февруари. Жестока е контролата како никогаш до сега, епски жестока, робусна. Очекувам да дел од трговците наместо да нарачуваат платени пресконференции кај опозицијата, да се завртат кон самите себе и да им служат на граѓаните, бидејки тие постојат за граѓаните и граѓаните се нивните потрошувачи.
Наместо да подметнуваат текстови кај опозицијата, која што таа ги чита на прес конференции да стават прс на чело и да не се служат со трикови, туку да работат за интересот на граѓаните.
Инаку, поради непочитување на маржите, според последните информации на ДПИ се затворени вкупно осум правни субјекти. Вкупно тие ќе имаат 15 дена клуч на врата и казни поради непочитувањето на мерката за ограничување на маржите. Oд вкупно 8, три се маркети, една аптека и 4 најголеми увозници на овошје и зелечук во земјава.
Иван Митев, М-Нет