
Голем букет од цвеќиња изработија учениците од штипската гимназија во пресрет на денот на жената. Цвеќињата се поставени на дрвото пред самото училиште, со цел да се разубави денот на сите жени. Средношколците од трета година, посоија дека заеднички со нивната професорка по ликовно дошле до идејата и истата ја реализирале. Дополнително Антонија Јорданова самостојно изработила хартиени цвеќиња за сите девојчиња од генерацијата.
„Под менторство на професорката Сара Петров по ликовно три четири дена ги работевме цвеќињата пред истите да бидат закачени на дрвото. Ова е наш труд за да потикнеме некои позитивни реакции кај припадничките од понежниот пол“ – велат учениците од штипската гимназија.

Со настани за Осми март беа и учениците од медицинското училиште во Штип. Седношколците од „Јане Сандански“ изработија хамер со пораки и цвеќиња кои беа поставени на неколку локации во градот, со што на еден поинаков начин се честиташе дентот на жената.
Активностите и настаните по повод Меѓународниот ден на жената продолжуваат и во текот на утрешниот ден.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет