Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ и пензионерките од Штип на средба го одбележаа Осми март

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Штип и пензионерките од Здружението на пензионери Штип со заедничка средба предосмомартовски го одбележаа денот на жената. Какви биле правата на жената како е денеска, беше главна тема на дискусија. Како што посочи претседателката, Христина Серафимовска, жената треба да се почитува секој ден, а не само на Осми март.

„Оваа година Меѓународниот ден на жената, Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ го одбележува заедно со пензионерките од Штип. Осми март не е и не треба да биде само еден ден во годината кога жената е уважена. Напротив ова е само симболично еден ден во годината кој ја одбележува борбата за права и еднаквост која жената ја води преку целата година. Денес ќе продискутираме колку се проементи состојбите од некогаш до денес.“ – вели Серафимовска.

Во оваа прилика Серафимовска им го честиташе Осми март на сите припраднички на понежнииот пол. Дополнително додаде дека активностите продолжуваат и во текот на утрешниот ден.

„Оваа можност ја користам воедно да го честитам денот на жената Осми март, да им посакам истрајност и успех на секое поле“ – вели Серафимовска.

Освен за Осми март, Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Штип настани се организираат повеќе пати во годината.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет