
Утре ќе биде отворено 23. коло на Првата македонска фудбалска лига, кое ќе се комплетира во понеделник со натпреварот меѓу Работнички и Тиквеш.
Делегирани се и судиите задолжени да ја делат правдата на шестте прволигашки натпревари.
Штипјанецот Стојанче Стојанов ќе им суди на Шкупи и Беса, меч кој се игра на Чаир, Бењамин Ќерими го доби дербито во Кратово меѓу Силекс и Вардар.
Александар Грујоски ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Гостивар и Брера Струмица, Јован Качевски ќе биде главен судија на натпреварот меѓу шампионот Струга Трим Лум и Воска Спорт во езерското дерби, Ивана Пројковска ќе биде главна во Тетово каде ќе играат Шкендија и Пелистер.
Александар Урошевиќ ќе им суди на Работнички и Тиквеш, меч со кој ќе за затвори 23-тата рунда од фудбалската елита на Македонија.
Сите натпревари од оваа коло ќе започнат во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет