
Вардар во недела во рамки на 23. коло на Првата македонска фудбалска лига ќе гостува во Кратово кај Силекс, а верните навивачи „Комити“ најавуваа мобилизација за Кратово, но пред овој натпревар продолжуваат проблемите меѓу управата и навивачката група „Комити“.
Според соопштението на навивачката група „Комити“, управата на Вардар не поднелa пријава за присутво на гостински навивачи односно не го пријавиле нивнито гостување, како што велат навивачите преку соопштението.
„Управата на клубот не сака во недела во Кратово да има навивачи на Вардар! Во таа насока, не беше поднесена пријава за присуство на гостински навивачи, чин кој доволно говори за нивниот страв од целата црвено-црна јавност, во која не спаѓаат веќе само „Комити“, туку и сите Вардарци. Оваа одлука е директен удар кон сите нас, кон се она што претставува клубот Вардар, кој во својата историја не помни полошо време и поголема безидејност! Поради оваа одлука организираниот превоз се откажува. Меѓутоа… Силата на Вардаровите навивачи, со вакви обиди ја тестирале и порано и никој досега не истерал со нас до крај. Овој клуб е наш и никој ниту успеал, ниту ќе успее, на било каков начин да не одалечи од него! В недела масовно во Кратово! Организирајте се со коли, ѕвонете секому! Утре ќе се знае од каде се трга, што и како. Дотогаш – екипите нека бидат собрани“, се вели во соопштението на навивачите.
Натпреварот меѓу Силекс и Вардар се игра недела во Кратово со почеток од 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет