Пролетта доаѓа, од четврток температури до 22 степени во Штип

Пролетта доаѓа, од четврток температури до 22 степени. Според синоптичарот Ленче Ризова, во овие три дена не очекуваат ниски утрински температури, во Штип до -2, но од втората половина на седмицата, поточно од четврток и утринските ќе достигнат повисок раст. Согласно ваквата ситуација, граѓаните ќе ги очекува стабилна пролет, проследена со врнежи од дожд.

“Од втората половина на оваа седмица ќе има понатамошен пораст на дневната температура, секако и на утринските. Дневните температури ќе го надминат 20 степен и ќе до достигнат интервал од 16 до 22 степени.“, вели Ризова

И во текот на следната седмица температурите ќе биде околу просечните за овој период од годинта, застапено со врнежи од дожд

Дополнително квалитетот на воздухот за сега изнесува 38 Просечно

Квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица. Меѓутоа, чувствителните групи може да имаат мали или умерени симптоми како последица на долгорочната изложеност.

Иван Митев, М-Нет