Од наредниот месец пензионерите очекуваат дополнително 2.500 денари на сметките

Од следниот месец пензионерите очекуваат дополнителни 2,500 денари на своите сметки. Заклучно со минатот покачување за истата сум и новото, вкупно тие ќе имаат 5000 денари дополнително на своите сметки.Ваквото покачување го потенцираше и премиерот Мицковски во последните изјави за пензионерите. Пензионерите пак со поделени мислења велат дека според високите цени во маркет, ова покачување ќе има некаков бенефит.

Пензионерите велат дека најголем дел од пензијата им оди само за лекови, истакнуваат дека дополнително товар им се цените во маркет и сметките за струја.

Во согласност со ситуацијата, Пензионерите во Македонија ќе добијат вториот дел од ветените 5.000 денари на 1 април, со исплатата на мартовската пензија. Првиот дел, од 2.500 денари, веќе беше исплатен во октомври. Власта истакнува дека за овие средства се обезбедени доволни ресурси во Буџетот и дека не очекуваат никакви проблеми со пензискиот фонд.

Иван Митев, М-Нет