
Реми без голови од 0:0 во дербито за првото место меѓу Гостивар и Работнички за поделба на бодовите, додека пак Шкупи однесе висока победа против Пелистер од 3:1.
На Чаир двоен стрелц беше Ибиши, а погоди и Ајетовиќ за 3:0, а Ивановски во судиското надополнување ги постави конечни 3:1.
Воска Спорт во Охрид со 3:1 го декласираше тимот на Брера Струмица, со што струмичани и натаму остануваа без пролетен триумф, а охриѓани сега се чекор пред Беса и Тиквеш за опстанок. Виноградац погоди за 1:0, а потоа во вториот дел Клинтон и Адеми зголемија на 3:0. Во финишот Нзенгуе Мубети ги постави конечни 3:1
Шкендија со резултат од 1:0 дојде до победа над Тиквеш, а заслужен за трите бодови беше Адаму.
Вчера, Вардар и Беса ги поделија бодовите откако одиграа 0:0.
Александар Ванев, М-Нет