
Денес започна пролетната полусезона во Трета лига – Север, а во рамки на првото пролетно коло екипата на Шкендија Арачиново која е лидер на табелата преку голот на Мргим Дани со минимални 1:0 славеше над БВК Коњаре.
Куманово преку пресврт славеше над Аеродром со 2:1, откако за домаќинот погодија Стевчевски и Јовановски, а за гостинот Апостоловски.
Башкими Љуботен и Фортуна ремизираа играјќи 1:1 со што двете екипи ги поделија бодовите, во меч со девет гола екипата на Риниа ја доби Беса од Слупчане со 5:4.
Еуромилк на домашен терен со 1:2 загуби од Ржаничино, за домаќинот погоди Трифуновски, а за гостинот Миленковски и Калач.
Поранешниот второлигаш Кадино со 5:0 го декласираше тимот на Академија Илинден, а во дербито од дното Пчиња и Њу Старс ги поделија бодовите играјќи 1:1.
Александар Ванев, М-Нет