Петочен пазар пред Прочка во Штип, зелката луксуз, портокалите пристапни за купувачите

Петочен пазарен ден пред Прочка на пазарот во Штип. И овој петок зелката луксуз за граѓаните, па наместо зелка, се купуваше марула. Особено се бараше портокалот за предстојниот празник, кој во големи количини се нудеше на тезгите на продавачите. Тие се движеа од 50 до 60 денари за килограм и речиси сите го купуваа за во недела да подарат на своите блиски.

Продавачите со став дека цените се пристапни, бидејќи како што велат во зимски услови да се произведе свеж производ е тешко, па согласно маката цената е и ниска.

Инаку, овој петок се продаваа и јаткастите плодови кои граѓаните ги купуваа за да ги направат вкусните традиционални баклави, но и алви чии вкус е секогаш неодолив.

Иван Митев, М-Нет