Цената на тепсија баклава од 2000 до 5000 денари, граѓаните ќе ја подготвуваат економично дома

Тепсија баклва во продавниците се движи од 2000 до 5000 денари, па доколу некој немаат можност да подготват дома, ќе треба да си купат од продавница. И додека од една страна цените се високи за да порача и купи од продавница, од друга страна повозрасните децидни дека ќе подготвуваат дома. Традиционална баклава по стар рецепт нема да се изоставни од трпезата за празникот Прочка. Едни ја подготвуваат посна, други мрсна и сите домакинки подготвени вечерва да ја испечат, а утре полијат со шербет, за во недела тазе да се топи во уста.

Друг дел велат дека финансиите причина за да баклавата повеќе не се практикува за Прочка, па наместо нејзе се подготвува нешто по економично.

Во согласност со ситуацијата, речиси поголем дел од поврасните вечерва ќе подготвуваат традиционална баклава, додека многу мал дел ќе порачуваат, затоа што и едните и другите сакаат достојно да го пречекаат празникот Прочка.

Иван Митев, М-Нет