
1.216 канти за комунален отпад доби ЈП Исар од страна на градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов. Вкупно 126 канти, како дел од истите денес бесплатно беа доделени на жителите од улиците Асном и Панко Брашнаров, кои гравитираат на потегот кон Миријанина црква. Директорот на Александар Арсовски за медиумите вели дека одлуката за денешното доделување е од управниот одбор на претпријатието, бидејќи на овој дел од градот тие се соочуваа со диви депонии, кои што требаше редовно да ги одстрануваат.
“Од страна на градоначалникот на Општина Штип ЈП Исар доби 1216 канти за собирање на комунален отпад. Денес на дел од жителите од ул. Асном и Панко Брашнаров, кои гравитираат на потегот кон Миријанина црква бесплатно им доделуваме вкупно 126 канти за домакинство, односно 126 фамилии денес ќе добијат бесплатни канти за комуналниот отпад. Ова е одлука на управниот одбор на ЈП Исар, бидејќи на овој дел од градот се соочуваме со создавање на диви депонии, кои што ЈП има проблем редовно да ги одстранува.“, вели Арсовски
Паралелно со ова е направено и реорганизација, со што од утре нивна механизација редновно ќе ги празни овие канти на овој дел од градот, рече Арсовски
Денес се доделени канти на овој дел од градот, а остатокот до 1216 канти треба да се поделат на други категории на граѓани како пензионери со најниски примања на пензии и на самохрани родители.
Иван Митев, М-Нет