
Неоткупен се уште тутунот на тутунопроизводителите од карбинско. Велат половина тутун бадијала им стои во подрумите од изминатата година. Иако владата прави напори за да се подобри земјоделската гранка, сепак разочарани тие велат дека се на прагот за да се откажат. Информираат тие за М-Нет дека под 600 денари оваа година нема да влегуваат во нивите, бидејќи нивната маката е по тешка и од планина.
“Новата цена 400, како задоволни, не! Aко е 500 денари дозволат од владата е добро, ако не ништо, повторно ќе работиме бадијала. Oваа година исто ќе садиме околу 20 декари тутун.“, вели Шабан
И останатите тутунопроизводители велат дека откупната цена е незадоволителна, но сепак нивниот живот како што велат се веќе видел.
Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, изјави дека ќе има измени во постапката за откуп на тутун за наредната реколта, вклучувајќи можни измени во Законот за тутун и стандардизирање на цените според квалитетот. Производителите, пак, најавуваат дека не ќе прифатат договори за новата реколта без повисоки цени за килограм тутун.
Иван Митев, М-Нет