Се празнува Св. Ѓеорѓи Кратовски, Македонецот кој остави порака како се брани верата и татковината

Светиот маченик Ѓеорѓиј-кратовски е македонски светител, кој денес се слави ширум земјава. Со потекло од градот Кратово, младо момче кое маченички пострадало за Христовата вера, оставајки вечна порака за Македонецот како се брани својата Православна вера, својата татковина Македонија и својот македонски идетитет. Осумнаесетгодишното момче свети Ѓорѓи, со своето жртвување, не потсети на првохристијанските времиња како се победуваат човечките страдања, како се здобива човечката храброст и како се добива последната победа на земниот живот со силната љубов и вера во Божјата вечна правда и својот народ. Граѓаните уште изутрина му одадоа почит пред иконата на светителот, молејки го за здравје и спасние.

На плоштад светителот бил запален од страна на турските владетели . Таму му ја соблекле кошулата на светителот и го турнале во огнот. Кога телото му се покрило со пликови, тие го извадиле и пакосно го прашале дали му е топло? Светителот им одговорил: “Верувајте ми дека ништо не чувствувам. А за вас, несреќни, готов е вечниот оган “. Тогаш пак го фрлиле во огнот, а тој се прекрстил и силно извикал: “Господе Исусе Христе, во твоите раце го предавам својот дух!”. Тогаш некој од толпата го удрил со цепаница по главата и Свети Ѓорѓи ја испуштил својата душа.

Иван Митев, М-Нет