
Викендот ќе се играат натпреварите од 15. коло на Првата ракометна лига на Македонија од групата А и групата Б.
Во рамки на групата А рундата ќе биде отворена вечерва со натпреварот меѓу Аеродром и Јехона, каде гостинот од Гостивар ќе ја има улогата на фаворит за триумф.
Утре екипата на Овче Поле на домашен терен ќе го пречека тимот на Метарлуг РА, каде гостинскиот тим ќе ја има улогата на фаворит. Еурофарм Пелистер 2 како апсолутен фаворит ќе се соочи со Астраион од Струмица и каде сигурно бодовите остануваат во Битола.
Во рамки на групата А, а од 15. коло слободни ќе бидат екипите на Мулти Есенс и Кичево.
Што се однесува пак до групата Б екипата на Текстилец УГД од Штип ќе гостува кај Партизан во Гевгелија, ова ќе биде дуел од долниот дел на табелата каде и двете екипи ќе се натпреваруваат во плеј-аутот.
Неизвесно соочување се очекува меѓу Македонија ЃП и ланскиот суперлигаш Вардар Неготино, а пак Шампион на домашен терен со улога на фаворит ќе го пречека „фенерџијата“ Преспа Вардар од Ресен.
Во рамки на ова коло слободни се екипите на Младост од Богданци и Драчево.
Александар Ванев, М-Нет