
Утре во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип во рамки на четвртото коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига, Штип УГД ќе се соочи против Борец.
Штипјани ќе ја имаат улогата на фаворити, со оглед на тоа што се во победничка форма, што играат на домашен терен и што ќе имаат поддршка од публиката.
Одбојкарот на Штип УГД, Михајлов Мирасчиев за М Нет телевизија истакна дека очекува максимален резултат против Борец и притоа ја покани и публиката да дојде и да им даде поддршка од трибините.
„Во сабота не’ очекува натпревар против екипата на Борец се надевам на максимален резултат. Се надевам дека ќе го продолжиме континуитетот на успеси во оваа полусезона и дека ќе го покажеме нашиот максимум. Ги повикувам сите љубители на одбојката да проследат уште еден интересен натпревар и да пружат поддршка на нашиот клуб во сабота“, рече Михајло Мирасчиев за М Нет.
Натпреварот кој се игра во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, ќе започне во 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет