
Екипата на Мал Ајакс која е лидер во Втората футсал лига на Македонија загуби во четвртфиналето од футсал Купот на Македонија и со тоа останува без полуфинале, откако во Штип со 1:2 штипскиот второлигаш загуби од прволигашот Осогово од Крива Паланка.
Осогово беше фаворит на овој меч, Мал Ајакс се обиде да направи изненадување и на крај загуби со минимална разлика.
Бранителот на Куп титулата, екипата на Форца со 9:7 обезбеди следна фаза од Купот, откако славеше во дербито со Шкупи. Форца е на добар пат за одбрана на двојната титула што беше главна цел на овој тим за тековната сезона.
Во второлигашкото дерби Балкан со 7:5 славеше против Кратово и со тоа патува во полуфиналето. Тимот на Балкан има амбиции за влез во Првата футсал лига, а во Купот сака да направи изненадување и да обезбеди и финале.
Јувентус Серава со 11:2 беше пресилен против второлигашот Партизан Југ, со што прволигашот лесно и најубедлив начин стигна до полуфиналето.
Тоа значи дека бранителот на Куп титулата Форца, Јувентус Серава, Осогово и второлигашот Балкан се дел од полуфиналето.
Александар Ванев, М-Нет