Костенчев ќе биде главен судија во Штип, Величков ќе им суди на Скопје и Осогово

Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 17. коло на Втората македонска фудбалска лига, познати се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на натпреварите од ова рунда.

На Градскиот стадион во Штип фаворитот Брегалница ќе го пречека незгодниот Новаци, каде за главен судија е делегиран Никола Костенчев.

Пларент Салихи ќе ја дели правдата на стадионот „Благој Истатов“ каде ќе се соочат Беласица и Вардар Неготино, за правдата на мечот меѓи Арсими и Охрид задолжен ќе биде Дејан Младеновски, додека пак Сашко Ристов ќе биде главен арбитар во Велес каде ќе се соочат Борец и Победа во дербито на двата екс прволигаши за опстанок во Втора лига.

Кирил Смоквоски ќе биде главен судија во Радовиш кој ќе им суди на Детонит Плачковица и Каменица Саса, Марјан Стојановски ќе ја дели дербито на Југот во Гевгелија меѓу Кожуф и Вардарски, а пак Боби Величков ќе им суди на Скопје и Осогово во меч кој се игра на „Железарница“ во Автокоманда.

Сите натпревари од 17. коло ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет