Штипјанецот Стојанче Стојанов ќе им суди на шампионот Струга и Вардар

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Овој викенд се играат натпреварите од 20. коло на Првата лига, коло кое ќе се отвори во сабота со мечот меѓу шампионот Струга Трим Лум и Вардар, а задолжен за правдата ќе биде штипјанецот Стојанче Стојанов.

Останатите натпревари се играат во недела. Јован Качевски ќе им суди на Шкендија и Силекс во дерби кое се игра во Тетово, Бењамин Ќерими ќе им суди на Тиквеш и Пелистер, Ндерим Тефику и Брера и Шкупи.

Игор Стојчевски ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Работнички и Воска, Александар Урошевиќ ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Беса и Гостивар.

Натпреварите ќе започнат во 14 часот.

Александар Ванев, М-Нет