
Колку учениците се воспитани и знаат да ги почитуваат денес наставниците?
Штипјани децидни дека основните вредности се целосно променети, па ако некогаш учителот, родителот, полицаецот и докторот биле личности за почит, денес според анкетата на М-Нет не е веќе така. Дали новиот модерен живот и новите технологии се причина за ваквиот резултат, останува и понатаму дилема и неразјаснето прашање.
Со оглед фактот дека вчера наставник од Кочани се здоби со кривична пријава поради тоа што нападнал ученик, граѓаните велат дека тој начин не е исправен. Да се повише тон за да се стори ред тие оправдуваат, напад никако.
Во согласност со ситуацијата, она што понатаму останува е тоа колку родителите ги воспитуваат децата и колку им вршат контрола, знаејќи дека и наставниците имаат деца дома и во образованието се поставени со основната цел, да образуваат и развиваат.
Иван Митев, М-Нет