Познати патници во плеј-офот на Првата ракометна лига, штипски Текстилец во плеј-аутот

Остануваат уште неколку кола да се одиграат од регуларниот дел на Првата ракометна лига по што првите пет екипи од двете групи А и Б ќе се пласираат во плеј-офот каде ќе разигруваат за влез во Суперлигата, а останатите ќе бидат дел од плеј-аут сегментот каде нема резултатски престиж бидејќи нема испаѓање, па овие екипи кои имаат послаб квалитет ова сезона ќе имаат можност да се натпреваруваат за што подобар пласман во плеј-аутот.

Од групата А плеј-оф обезбедија Еурофарм Пелистер 2, тим кој е прв фаворит за експрено враќање во Суперлигата, откако лани преку бараж испадна, Мулти Есенс, Металург РА, Овче Поле од Свети Николе и екипата на Јехона од Гостивар.

Од групапа Б во плеј-офот патуваат Младост од Богданци, Драчево, Македонија ЃП, Скопје и Вардар Неготино.

Овие екипи ќе се борат за првото место кое директно води кон влез во Суперлигата, а пак второто место води кон баражот за можен влез во Суперлигата, каде прволигашот ќе се соочи со претпоследната екипа од Суперлигата која ќе заврши во плеј-аутот.

Што се однесува до плеј-аутот од групата А тоа се екипите на Кичево, Астраион и Аеродром, а од групата Б тоа се Шампион, Партизан, штипски Текстилец и Преспа Вардар од Ресен.

Штипјани ова сезона ќе бидат дел од плеј-аутот, но како што велат од клубот за М Нет телевизија ќе се обидат во текот на летниот преоден рок да се засилат со неколку играчи, да ја подигнат конкуренцијата во тимот и со тоа да фатат приклучок и да бидат во плеј-офот каде се натпреваруваат поквалитетните екипи од Првата лига.

Александар Ванев, М-Нет