Расте бројот на заболени од грип, дури 283 случаи заклчуно до вчера има само во Штип

Расте бројот на заболени од грип, дури 283 случаи заклчуно до вчера има само во Штип. Според податоците на центарот за јавно здравје во градот, во општината, има висок интезитет на вирусот на грип. Заболените претежно се од сите возрасни граници и тоа од 0-4, од 5-14, 15-64 и над 56 години, заклучно со седмата недела од оваа година.

„Заклучно со 7 недела од 2025 година, во општина Штип призавени се вкупно 609 случаи на групни призави за заболени од грип/заболуваньа слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуциа, во возрасната група од 0-4 години призавени се 39 лица, на возраст од 5-14 години призавени се 74 лица, на возраст од 15-64 години призавени се 416 лица и во возрасната група над 65 години призавени се 80 заболени лица. Дистрибуциа на случаите од сезонски грип/ заболуваьа слични на грип по месеци започнува од месец ноември со само 8 случаи, декември – 11 случаи, јануари – 307 случаи , додека февруари – 283 случаи. Се забележува зголемуванье на бројот на заболуваьа слични на грип, со најголем броі на случаи призавени во месеците јануари и февруари. Согласно овие податоци, во општина Штип има висок интензитет на вирусот на грип.“, велат од центарот за јавно здравје од Штип

Според лекарите, често миење на рацете, провретрување на просториите, внесување на течности како чаеви, ценеди сокови, лимонади, се апелирањата за заштита од грипот, но доколку ситуацијата се влошува потребни се консултации со матичен лекар.

Oна што особено лекарите апелираат е граѓаните да не се лекуваат на своја рака, бидејќи грипот е вирусно заболување.

Во согласност со стиауцијата, лекарите според здравствената ситуација на пациентите одлучуваат кој антибиотик и терапија треба пациентот да го земаат со цел бргу и навремено опоравување.

Иван Митев, М-Нет