
Замина штипскиот великан Благој Самоников, кој како поет и интелектуалец, зад себе остави големи дела. Најголем дел од свјот работен век, тој го помина во Домот на културата како директор и стручен соработник. Од 2004 до 2006 година беше директор на Националната установа за култура „Ацо Шопов“ Штип, а неговата работна кариера ја одбележува и заложбата Домот на културата да го добие името на втемелувачот на современата македонска поезија Ацо Шопов. Како поет и писател, Благој Самоников е автор на десетина поетски дела како и на книга драми и раскази. Добитник е на престижните награди: „Живко Чинго“ за проза и „Ацо Шопов“ за поезија. Како поет Благој Самоников се вбројува во елитата современи македонски поети кои на македонската литература и обезбедија место во европската и светската книжевна баштина. Со смртта на Благој Самоников, Штип загуби уште еден интелектуалец, кој останува препознатлив по своите дела.
Иван Митев, М-Нет