Во екот на грејната сезона граѓаните мака мачат да ја поминат зимата, на некого остануваат уште два кубика дрва, на други високи сметки за струја

Во екот на грејната сезона, граѓаните мака мачат да го поминат месецот. Некој со високи сметки за струја, други со останати два кубика дрва. На терен тие сведочат дека до март ќе се издржи, но доколку студот знае да трае и до мај, дрва ќе треба да се докупува, иако месечните примања се ниски.

Граѓаните децидни дека греењето на дрва е повеќе исплатливо и ефикасно, бидејќи како што велат поинаку неможат да се стоплат.

Во согласност со ситуацијата, денес од дежурната синоптика за М-нет телевизија истакнаа дека студенот и снежен бран прившува заклучно оваа недела. Од следната седмина се очекува раст на температурите и стабилизрање на временските услови.

Иван Митев, М-Нет