Маж од кочанско пријавил дека избегала сопругата која имала здравствени проблеми и најверојатно се наоѓа кај лице во Куманово

На 14.02.2025 во 08.30 часот во Полициската станица Кочани, Н.Е.(31) од с.Чешиново, кочанско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Б.Е.(27), која имала здравствени проблеми, а која и претходно се оддалечувала од домот. Според пријавеното, таа најверојатно се наоѓа кај лице од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.