Радовиш ќе бара прва победа против Струга, Охрид ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 18. коло на ракометната Суперлига. Колото ќе биде отворено во сабота со три натпревари, в недела ќе се одиграат два, а ќе се затвори во понеделник.

Во сабота од 14 часот Вардар како голем фаворит на домашен терен ќе се соочи со Прилеп, во меч како сосема јасно дека триумф ќе му припадне на Вардар, а пак Прилеп е речиси сигурен патник во плеј-аутот.

Дерби дуел ќе гледаме на Бутел и Тиквеш на две екипи кои се речиси сигурни во плеј-офот, а пак борбата ќе биде за петтото место на табелата, а тоа ќе значи и пренесување на еден бод во плеј-оф сегментот. Мечот ќе стартува во 18 часот.

Исто така, во 18 часот во СРЦ „25 Мај“ ќе започне натпреварот меѓу Радовиш и Струга, каде радовишани кои се значително засилени ќе бараат прва сезонска радост против стружани. Ова ќе биде исто така еден израмнет и неизвесен дуел од долниот дел на табелата. Радовиш со поддршка од публиката ќе сака да дојде до прв триумф, а за тоа и тек како може да се надева бидејќи ги врати искусните Ивица Илиев и голманот Славјан Паунов, има уште неколку нови засилувања, а пристигаа и странски засилувања.

В недела од 17 часот Куманово на домашен терен ќе се соочи со Пролет, во меч каде тимот на Пролет сака триумф против Куманово кој пак на домашен терен е незгоден противник, но сега и засилен во однос на првиот дел.

Еден час подоцна во „Билјанини Извори“ започнува мечот меѓу Охрид и шампионот Еурофарм Пелистер, дерби дуел каде охриѓани ќе сакаат да го изненадат шампионот од Битола.

Колото ќе се комплетира во понедленик со мечот меѓу лидерот Алкалоид кој ќе биде апсолутен фаворит за голема победа против Бисинов од Велес, а мечот започнува во 19 часот.

Александар Ванев, М-Нет