Пронајдено 16-годишното момче кое избега од Мал групен дом за деца без родители во Штип

На 07.02.2025 во 20.00 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го пронашле А.М.(16) од Струмица, штитеник на Мал групен дом за деца без родители и родителска грижа во Штип, а за кој на 24.01.2025 во СВР Штип од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Штип беше пријавено дека се оддалечил од установата.