
Мумурузно брашно за качамак, проја, за пржење риба, сукање баница или за мење леб, мелено на воденица, како некогаш, може сеуште да се најде на тезгата на Михајо Атанасов во Штип. На стар и традициопнален начин, тој класјето ги рони на рака, потоа ронетите зрна ги носи да се мелат на воденица и на крај брашното го отсејува со воденичарско сито. Процесот не е лесе, вели тој, но сепак сеуште има желба да го произведува.
Најмалку еднаш во седмицата, треба да се јаде качамак, ќе рече Атанасов, бидејќи мумурузното брашно го очистува телото од сите цревни болести.
Инаку Михаило веќе со децении се занимава со земјоделие, па покрај садењето на пченка, тој сади зеленчук, бере чај и чесно со пот заработува солидно за живот во Македонија.
Иван Митев, М-Нет