Потребна е донација за доизградба на црквата во с. Кучичино, жителите подготвени за Свети Трифун

Црквата Свети Трифун во село Кучично се гради повеќе од шест години, но потребни се донации и финансиски средства за истата да биде целосно завршена. Жителите на селото досега самостојно собирале финансиски средства со цел да можат да ја започнат градбата на црквата, но како што велат сега донациите се одбвиваат многу потешко. Затоа бараат донации од сите кои се во можност за да може да се заврши црквата.

„Црквата е веќе во изградба скоро шест до седум години и со лични наши донации тука од селото е дојдено до оваа положба сега. Уште многу работа има, ова сега ќе биде втора плоча, а треба да се изградат уште две кубиња.“ – вели Андонов.

Цеквата ќе го носи името Свети Трифун бидејќи овој празник е празник на селото и овде се одвиваат доста настани. И годинава на 14 февруари ќе се закројат лозјата, потоа ќе продолжат со заеднички ручек, а ќе има и пеач. На ваков начин ќе се одбележи празникот како и секоја година, па жителите упатија покана до сите заинтересирани да присуствуваат и уживаат.

„Секкоја година за Свети Трифун имаме естрадни пеачи. Оваа година ќе биде Стоје Николовска. На тој ден се закројува лозјето и овде се собираме. Има и на црквата настан, се дели погача.“ – вели Андонов.

Во село Кучично адетот за Свети Трифун се негува со години. Жителите го откопуваат старото шише ракија и закопуваат ново, со молитви годината да биде бериќетна и да има повеќе род.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет