Лажни дојави за поставени бомби во речиси сите основни и средни училишта во Штип

Дојави за лажни бомби утринава добија речиси сите основни и средни училишта на територија на Штип. Учениците се евакуирани, а има проверки и од страна на СВР Штип. Но како што истакна градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов станува збор за лажни дојави за бомби, и дека наставата продолжува да се одвива нормално.

„Земајќи во предвид дека од информациите кои ги добивме, ова се случува на територија на цела држава. Веќе наставата продолжува да тече, нормалмно пријавено е до сите институции, СВР се на терен во сите училишта. Уверува дека станува збор за сајберски напад кој има за цел да предизвика немир кај наставниците и кај учениците и прекин во наставата“ – вели Јорданов.

Дојавите за бомби во основните и средни училишта во Штип биле по електронски пат. Истите пристигнале на маил на училиштата но и до Центарот за управување со кризи. Јорданов истакна дека е разговарано со учениците и дека наставата продолжува да се одвива.

„По електронски пат и во центарот за управување за кризи, во речиси сите основни и средни училишта е добиена инфромацијата. Се разговара со учениците да останат мирни, наставата нема да се прекине. Генерално, нема да има прекин на наставата“ – додава Јорданов.

Ова не е првпат да има лажни дојави за бомби во училиштата, како во Штип така и на тертироија на државата. Според Јорданов станува збор за сајберски напад со цел да се предизвика паника и прекин на наставата.

Лаура Стојанова М-Нет