
Непрописно паркирање на возилата, управување на возилата со неприлагоден брзина, непочитување на сообраќајните правила и прописи и ниско ниво на сообраќајна култура се најчестите недостатоци кои се детектирани во Општина Штип. Најчесто во централното градско подрачје, но и во останатите населени места, честа е сликата на возила паркирани по тротоарите, непропуштање на пешаци, или пак пешаци кои не минуваат на пешачки премин. Од општината велат дека се работи согласно надлежностите за подигање на свеста кај луѓето за безбедноста во сообраќајот.
„Безбедноста во сообраќајот во Општина Штип континуирано се следи од страна на општина и МВР. Секој во своите надлежности со одредени решенија усчествува во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот. Најчести недостатоци кои се детектирани се непрописно паркирање, управување на возилата со неприлагоден брзина во градското подрачје, непочитување на законските прописи кои го регулираат сообраќајот, ниско ниво на сообраќајна култура итн.“ – вели Мијалкова Судиклиева.
Со цел решавање на ваквите проблеми кои се сѐ почести, општината постојано презема мерки за поголема безбедност во сообраќајот. Се работи на изградба на соодветни патишта и улици, зголемување на бројот на паркинг места, поставување заштитни столпчиња на тротоарите, изградба на подигнати лежачки премини и слично.
„Општина Штип константно работи за подобрување на безбедноста на сообраќајот со изградба на патишта, асфалтирање на улици, обележување на паркинг места, поставување заштитни столпчиња и слично“ – додава Мијалкова Судиклиева.
За зголемува на безбедноста во сообраќајот работат и од СВР Штип. И од таму постојано апелираат граѓаните, учесниците во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбедни патишта.
Лаура Стојанова М-Нет