Слога Виница има успешни подготовки, одиграни неколку пријателски, фокусот е на баражот за Втора лига!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Третолигашот Слога Виница е есенски шампион во Трета лига – Исток со седум бодови предност во однос на второпласираниот Овче Поле. Екипата предводена од штипскиот стратег Емил Грнев има одлични подготовки, главната фаза се реализира во Дојран каде се одиграа и неколку пријателски натпревари, а атмосферата е одлична.

„Одлично, ете колку сме нови играчи пет, шест нови играчи што дојдовме, некои сме поискусни, некои помлади, со одличен квалитет. Подготовките одат одлично, значи Грнев си ја знае работата ние сме тие кои што треба да го исполниме сето тоа кое тој го бара. Од ден еден па до сега имаме фантастични припреми“, рече Настевски.

Слога Виница лесно ќе помине во пролетниот дел од Трета лига – Исток, важи за голем фаворит, па фокусот е на баражот за влез во Втора лига.

„Видете баражот е еден натпревар кој одлучува кој да влезе во Втора лига, тежок натпревар јас по мое искуство кога игравме лани со Победа, ни се падна најдобриот противник третолигашот Куманово, сите не отпишаа, така и оваа година има кои се нагласуваат две екипи, едната сме ние Слога Виница и Шкендија Арачиново. Не мора да значи толку не треба да се опуштаме таа цел ни е едниот натпревар за баражот“, вели Столевски.

Новите засилувања одлични се прифатени во тимот, се работи напорно за пролетниот дел и баражот.

„Моментално, точно пристигнаа пет, шест играчи во клубот, кои се добри прифатени од наша страна, од управа, сите заедно со тренер. Тренираме добро, тренираме по двапати, една недела сме во Дојран, одиграме две пријателски тука“, рече Илиев.

Подготовките течат одлично, атмосферата меѓу играчите е одлична, а подготовки во Дојран се доста важни во подигањето на формата.

„Подготовките течат во одлична форма јас и тогаш кажав во летниот период дека ние сме повеќе фокусирани на самите себе, тоа ние е целта ние што играме, а не противникот“, рече Амедов.

Слога Виница одигра и неколку пријателски натпревари преку кои Грнев ја проверува формата.

„Одигравме тука две пријателски, претходно одигравме со Саса во Виница, мислам дека одигравме квалитетно, добро, се покажавме во добро светло на овие пријателски, без разлика на противникот дали е Втора лига или Трета лига како што сме ние моментално“, рече Крстевски.

Во пролетниот дел пред Слога Виница ќе бидат девет натпревари во Трета лига – Исток, а потоа ќе следува баражот како последен чекор за конечно враќање во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет