
Второлигашот Башкими од Куманово има за цел враќање во Првата македонска фудбалска лига, па затоа и се засилува со уште едно искусно име, се работи за Фахрудин Ѓурѓевиќ, кој доаѓа од редовите на прволигашот Гостивар.
Низ својата кариера 32-годишниот фудбалер има настапувано за Вардар, Македонија ЃП, Звијезда Градачац, Варнсдорф, Храдец Кралове, Работнички, Влазнија и последно Гостивар, па во Башкими носи прволигашко, но и меѓународно искуство.
Башкими во Кочани одигра и пријателски меч против Осогово кој го доби со 1:2.
Пролетниот дел од сезоната Башкими го отвара против Борец на домашен терен како голем фаворит.
Александар Ванев, М-Нет