
Второлигашот Башкими за пролетниот дел од сезоната каде ќе води борба за влез во Првата македонска фудбалска лига, што е главна цел на тимот се засили со два нови играчи.
Се работи за 28-годишниот Егзон Азири и 18-годишниот Аган Алиу.
Азири е всушност повратник во тимот на Башкими, тој има големо искуство настапувајќи и во странство и ќе биде големо засилување за Башкими. Во домашниот шампионат има настапувано за Беса од Дбори Дол, Вардар Форино, Кораби од Дебар, Гоблен и Милано, додека пак во странство настапуваше во Белгија и Германија.
Алиу е млад и талентиран играч кој ќе биде вистинско освежување во редовите на Башкими. Последните шест месеци ги помина настапувајќи во Хрватска, а потекнува од Шкупи.
Башкими е на третото место на табелата или во бараж зоната за Прва лига со само бод негатива во однос на Брегалница која е втора. Пролетниот дел Башкими го отвара на домашен терен против Борец како голем фаворит.
Александар Ванев, М-Нет