Ниту една фирма од ТИРЗ Штип нема склучено договор со средни стручни училишта за практична настава на ученицте

Ниту една фирма од ТИР зоната во Штип нема склучено договор со штипските средни стручни училишта за практична настава на ученицте. Иако интересот за дуалното образование е на зависно ниво, сепак најголемиот проблем е што нема повратен позитивен одговор од бизнис секторот. На пракса се оди само кај локални бизнис фирми или државни институции кој бараат ограничен број на ученици.

„Бројот на ученици кои треба да биде ангажиран во дуалното образование е поголем и одредени комапнии кои прифаќаат ученици прифаќаат со ограничен број. Ги распоредуваат по десетина ученици во една компанија. Има интерес за дуалното меѓутоа но не може да се спроведе поради немање одговор од другата страна. Во ТИРЗ Штип немаме компанија која би прифатила ученици да бидат дел од практична работа“ – вели Санева.

„Соработката со ТИР зоната во овој момент е на слабо ниво и се обидуваме преку помош и соработка со МОН да се пробие таа бариера и во иднина и да примаат наши ученици.

Во средното медицинско училиште пак има осум дуални паралелкиод вкупно 28. Таму соработка има во делот на државните институции односно учениците одат на пракса во штипската клиничка болница и Здравствениот дом Панче Караѓозов.

„Би сакала да истакнам дека со новиот Закон за стручно средно образпвание е предвидено компаниите да исплаќаа финансиски надометок за учениците. Треба да се мотивираат работодавачите како да вклучат што е можно повеќе ученици за практична обука“ – вели Николиќ.

Целта на дуалното образование е учениците додека изучуваат теорија да имаат и практична настава. Дополнително средношколците од дуалните паралелки земаат финансиска поддршка од страна на МОН во висина од 3500 денари месечно.

„Учениците се стекнуваат со посебни квалификации и знаење и можат во иднина д бидат корисни на пазарот на трудот“ – вели Варадиновска.

За да се подобри соработката меѓу средните стручни училишта во Штип и бизнис секторот денеска се оствари средба во општината.

Лаура Стојанова М-Нет