
Второлигашот Борец од Велес за вториот дел од сезоната во Втората лига се засили со искусниот Стојан Стојчевки, кој доаѓа од редовите на третолигашот Еуромилк ГЛ.
Стојчевски беше претставен како нов играч на второлигашот Арсими, но таму не се задржа, односно воопшто и не одигра натпревар, па сега е претставен како нов играч на Борец.
Низ својата кариера тој има настапувано и за Воска Спорт, Гостивар, Силекс, Македонија ЃП, Брегалница, Работнички, Брера Струмица, Тетекс, Вардар, Хоризонт Турново и Скопје.
Стојчевски со своето прволигашко искуство ќе треба да му помага на Борец да ја оствари својата цел, а тоа е опстанок во Втората лига, а пред Борец ќе биде исклучително тешка пролетна полусезона, која Борец ја отвара против Башкими на гостински терен.
Александар Ванев, М-Нет