
Прволигашот Брера Струмица за пролетниот дел од сезоната се засили со Зоран Ивановски и Филип Михаилов, се работи за два играчи кои се всушност повратници во редовите на Брера Струмица.
Двајцата играчи ќе имаат предизвик со Брера Струмица да се потврди опстанокот во фудбалската елита на Македонија и се следната натпреварувачка сезона.
26-годишниот Михаилов е играч за врска во средината и нападот, а во својата кариера покрај за Брера има настапувано и за Беласица, Хоризонт Турново, Осогово, Тиквеш а беше дел и од австриски Маршвалд.
Ивановски, кој има 24 години во Брера Струмица доаѓа од штипска Брегалница, каде настапуваше во есенскиот дел од актуелната сезона, а уште има играно и за Детонит Плачковица и Беласица, како и за Брера.
Пролетната полусезона екипата на Брера Струмица ја отвара во Битола против тимот на Пелистер.
Александар Ванев, М-Нет