Субвенционирање на Трета лига нема да има, спортот не е социјална мерка, спортот не е земјоделиe, вели министерот Ристовски

Екипите од Третата македонска фудбалска лига нема да добиваат субвенции од Министерството за спорт, рече министерот Борко Ристовски.

Како што вели министерот нема да се субвенционира Трета лига во било кој спорт, не само во фудбалот, бидејќи како што вели нема економска исплатлист во финансирање Трета лига.

„Ние цениме како министерство за спорт дека субвенционирање на Трета фудбалска лига воопшто нема да има во ниту еден спорт не само во фудбалот, затоа што ние не сме држава која има колкави буџети па да можеме да си дозволиме и на крај на денот не гледаме никаква економска исплатливост во тоа да финансирате Трета лига, без разлика да се работи за фудбал, кошарка ракомет, одбојка или било кој друг спорт. Мислам дека треба наместо тој квантитет од три лиги да се сконцентрира во Прва и Втора и да се направи една стратегија. Ние имавме во текот на вчерашниот ден иницијален состанок со претседателот на ФФМ и направивиме начелно некои договори како ќе изгледа субвенционирањето во фудбалот конректно, што е уште поважно ние веќе имаме еден таков стратегиски договор со одбојкарската федерација на Македонија, во наредниот период ќе имаме и со ракометната и со кошаркарската, со фудбалската веќе го остваривме. Мора да има една заедничка стратегија што ќе финансира државата, затоа што знаете и сами во изминатите седум осум години се финансира спортот меѓутоа апсолутно никаков напредок има. Со самото тоа логично ако вие сакате да имате спорт како до сега треба да го финансирате како до сега, така да ние не сме за финансирање како до сега и да имаме спорт како до сега затоа некои работи мора да се променат“, вели министерот Ристовски за М Нет телевизија.

Министерот Ристовски вели дека спортот не е социјална мерка, спортот не е земјоделие па да се финанси се и сешто како што вели министерот.

„Сите мора да сфатат и Трета лига и Втора лига и фудбал, генерално спортот мора да сфати дека спортот не е социјална мерка, спортот не е земјоделие па да финансираме се и сешто, треба да се знае во државата што се финансира, начин на кој се финансира и кои бенефити ќе ги видиме од финансирањето. Откога е воведен ваучерот седум години осум, не знам точно колку е меѓутоа седум осум години спортот е буквално на ниво на, не знам, никакви резултати никакви успеси нема. Нема зголемување на млади деца, сите само отвараат клубови за да ја добиваат таа помош од државата што мислам дека апсолутно погрешно и ние тој начин сакаме да го смениме, нормално во интерес на спортот и на вистинските вљубеници во спортот и на крај на денот ќе бараме и бараме резултати за се она кое што е добиено од државата или ќе го добиваат во иднина“, додава Ристовски.

Министерот додава дека некои работи мора да се променат, вели дека имало голем број на проневери.

„Некои работи мора да се променат и во начин на функционирање и начинот на функционирање на субјектите кои што ги добиваат тие средства, затоа што има многу голем број на проневери сетоа тоа се изражува, досега имаме откриено барем десеттина малверзации“, додаде министерот Ристовски.

Во Македонија во фудбал постојат пет региони на Трета лига, односно Исток, Запад, Југозапад, Југ и Север.

Александар Ванев, М-Нет