
Екипата на Борец за пролетната полусезона во Втората лига се засили со двајца нови играчи, се работи за Никола Анчевски и Лука Јакимовски.
Тимот на Горан Симов го очекува тешка борба за опстанок во Втората лига и за таа цел беа ангажирани уште две млади засилувања.
Анчевски има 20 години, доаѓа од редовите на третолигашот Еуромилк ГЛ, има настапувано за младинските категории на Вардар и Македонија ЃП, а тој исто така има одлични настапи и во Првата футсал лига за екипата на Проект, а во минатото и за Бутел, Велес и Железарец.
19-годишниот Јакимовски во Борец доаѓа од редовите на Осогово, а претходно ги помина сите младински категории на Вардар.
Борец презимува на претпоследното место на табелата со пет бодови на своето конто, во првиот дел односно есенски дел на сезоната имаше скор од една победа, две ремија и 12 порази, а пролетниот дел Борец го отвара против Башкими на гостински терен..
Александар Ванев, М-Нет