Снегот ќе ги зголеми приносите за земјоделците, очекуваат добар род

Врнежите од снег изминатиот период ќе донесат поголеми приноси за земјоделците. Според нив иако падна покасно и се задржа кратко, сепак велат дека за житариците тој е добредојден и ќе помогне доста.

Според него годинава снегот и врнежите од дожд ќе ја наполната и акумулацијата Калиманци, а во почвата ќе има и поголема влага.

„Снегот помага, ама важно е во формирањето на зрното, ако има влага тогаш ќе има и плод. Снегот е добредојден, се вели ако има снег има и бериќет. Тоа е еден филтер на климата, за растенијата и слично.“ – вели Ангелов.

Врнежите од дожд во декември и снегот оваа година се добри за посевите. Универзитетскиот професор, Љупчо Михајлов вели дека токму врнежите од дожд во декември ја пролонгираат и седибата на дел од површините под житарици.

Кај оние посеви пак кои се порано посеини има опасност од појава на инсектот „црниот житарец“. Затоа како што велат земјоделците веќе има потреба од третирање со соодветен инсектицид. Михајлов вели дека веќе треба да се користат и дополнителни ѓубрива со цел поголеми приноси.

Лаура Стојанова М-Нет