13 позитивни случаи на КОВИД-19 во првите денови од годината, граѓаните едногласни дека не е добро

Повторно појава на позитини случаи со ковид 19 на самиот почеток од годината. Во текот на 2025 година, а заклучно со 19 јануари , регистрирани се вкупно 13 заболени лица, а процентот на позитивност се движи до 2,6 проценти за сега, истакнуваат од Институтот за јавно здравје. За ваквата ситуација граѓаните велат дека вирусот покрај што е непредвидлив, тој е и опасен, но сепак едногласни дека за истот нема на кој да се верува.

Доколку истиот се рашири, анкетирантие велат дека тоа ќе се одрази лошо врз менталното здравје, што значи дека прекумерена доза на страв, ќе си го направи своето, додаваат тие.

Иако бројот на заболени од КОВИД-19 на неделно ниво е мал, со оглед на тоа дека во тек е периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси во северната хемисфера, постои ризик активноста на SARS-CoV-2 да се зголемува, што ја нагласува континуираната потреба од надзор (епидемиолошки и вирусолошки) на национално и регионално ниво, велат од институтот.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет