Бројот на заболени од грип во државата помал од изминатите 14 години, лекарите советуваат одржување на хигиена

Бројот на заболени од грип во државата, помал од изминатите 14 години, истакнаа од Институтот за јавно здравје. Д-р Злате Мехмедовиќ вели дека нема причини за било какви мерки кои што треба да се превземат за грипот, согласно извештајот на ИЈЗ. Грипот е во границите на ниска вирусна активност, додава тој.

“Сега за сега согласно извепштајот на истуитутот за јавно здравје, не глледаме никаква причина за одолжување или за било какви мерки кои што треба да се превземат во врска со грипот во Макеоднија. Грипот е во границите на ниска вирусна активност. Бројот на заболени е помал од измината година, па и со изминатите 14 години во просек земано, вели Мехмедовиќ

И понатамиу Мехмедовиќ упати препораки за одржување на личната хигиена со цел да не се дојде до пренесување на вирусот и секогаш кога ќе се развијат симптомио кај определено дете да биде излориано и да не посетува настава.

“Секогаш да се одржува личната хигиена, а секогаш кога некое дете ќе развие симптоми како што се на греип, да биде изолирано и да не посетува настава.

Во текот на 2-ра недела од 2025 година во Македонија се пријавени случаj на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 3,2 пати повеќе во споредба со претходната недела . Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 2-ра недела од минатата сезона е намален за 10,9%.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет