Македонија е во главната фаза, откако ја декласираше Гвинеја!

ФОТО: RK Eurofarm Pelister

Ракометната репрезентација на Македонија е во главната фаза, откако вечерва со 29:20 ја декласиравме Гвинеја.

Уште во првиот дел победата беше најавена, а Македонија беше водена од нашиот капитен Филип Кузмановски, кој со 12 гола беше најдобар стрелец и играч на мечот. За Гвинеја најдобар стрелец беше Паске со само три гола.

Веќе в вторник ќе играме против Австрија, меч од главната фаза на Мундијалот, а ќе играме одново во Вараждин, Хрватска.

Александар Ванев, М-Нет