
Македонската ракометна репрезентација со реми против моќната Унгарија во првиот меч на Светското првенство откако одигра 27:27, иако можевме и да триумфиравме, со оглед дека во финишот и поклонивме бод на Унгарија, која беше изненадена од нашата одлична игра.
Македонската „фаланга“ која заеднички се загреваше со пеење на македонската химна, со македонски песни со пиво, а в салата „фалангата“ броеше околу 2.500 навивачи.
Унгарија преку Илиќ го отвори резултат, а потоа Марко Митев постигна гол за 1:1. На почетокот се играше егал гол за гол, а потоа Македонија направи голема серија и започна да прави водство, но на крај првиот дел заврши со 14:14.
Во второто полувреме продолжи неизвесноста и борбата за резултатска разлика. Во финишот од мечот Македонија имаше 26:27, по што имавме и напад за го решиме натпеварот, но топката ја изгубивме поради пасивен напад, а Унгарците преку Илиќ израмнија на 27:27 со што практично ние им поклонивме бод на Унгарците.
Најдобар стрелец во редовите на македонската репрезентација беше Филип Кузмановски, кој постигна 10 гола, а притоа капитенот на македонската репрезентација беше прогласен и за најдобар играч на натпреварот. Велковски постигна три гола, а толку имаше и Митев. Најдобар стрелец за Унгарија беше Зоран Илиќ со шест гола од девет обиди.
Голманот Никола Митревски беше одличен на голот на нашата репрезентација.
Реми имаше меѓу Чешка и Швајцарија од 17:17, Египетсо 39:25 ја декласираше Аргентина, Холандија го декласираше дебитантот Гвинеја со 40:23, а пак Португалија со 30:21 беше пресилна за САД.
Хрватска без проблеми го декласираше Бахреин со 36:22, големо изненадуавање беше поразот на домаќинот Норвешка од Бразил со 26:29, а на триумф во дербито во групата А се радуваше Германија против Полска so 35:28, каде правдата ја делеја Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Александар Ванев, М-Нет