
Лепче со паричка, овој пат напрвено по мрсен рецепт,традиционален зелник со сукани кори, сарма и месо, вечерва ќе бидат дел од трпезата посветена во слава и чест на Св. Василиј Велики. Домакинките уште изутрина ги засукаа ракавите и замесија тесто за подготвока на рецептите, стари со векови, со кој вечерва ќе си го соберат семејството на едно место и ќе наздрават за нивно здравје.
Оган во Штип се палат најмногу пред Бадник, велат анкетираните за М-Нет телевизија, но сепак тие знаат дека од дамнешни времиња огнови за Василица се палат само во населба Железничка.
Инаку, делењето на лепче со паричка во чест на овој светец се практикува во предвечерието пред празникот и единствена разлика во однос на бадниковата трпеза е тоа што на овој ден јадењата се мрсни, наместо посни. Покрај василичарската трпеза, оваа вечер се палат огнови, а се пречекува и стара нова година во рестораните.
Лаура Стојанова, М-Нет