
Затворен за тешки товарни возила е патот до граничниот премин кон Република Бугарија кај Делчево, сообраќајот се одвива во зимски услови, на места коловозите се замрзнати, држжавата втор ден е под снежна покривка. Како што посочуваат од Македонија пат подружница Штип, на сите остамати патни правци сообраќајот се одвива во зимски услови. Препорачуваат внимателно возење и почитување на препорачаната бзина.
„Моментално патиштата се проодни во зимски услови, што значи со остатоци на снег има и поледени површини, поради ниските температури. Имаме забрана за тешки товарни возила само од Дечево према граничниот премин и се надевам дека набрзу ке биде тргната. На дргуите патни правци, немаме забрани меѓутоа треба да се вози внимателно и под ограничената брзина, односно према условите на патот.“, вели Цоневски
Возилата на Македонија пат се на терен и работат на чистење на коловозите од снег, со цел сообраќајот да се одвива непречено. Во Пијанечкиот регион сообраќајот на останатите патни правци се одвива по влажни коловози кои наместа во утринските часови беа под мраз.
Патот кон планината Голак, каде деновиве најмногу наврна снег во Делчевско, како што информираа од претпријатието е категоризиран како трет приоритет, поради што негово чистење е предвидено, во текот на наредниот ден.
“Одрони нема, ладно е да одрони, значи мегутоа врнежи од снег уште имаме и затоа имаме снег по коловозите. Возилата се на терен, работат и така.“, додава Цоневски
Од претпријатието задолжено за одржување на патиштата апелираат дека патиштата се чистат по приоритети заради што апелираат внимателно возење и почитување на соодветната сообраќајна сигнализација.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Лаура Стојанова М-Нет