Шкендија Арачиново се засили со Александар Ѓорѓиески

Третолигашот Шкендија Арачиново го промовираше Александар Ѓорѓиески, кој доаѓа од второлигашот Кожуф. 24-годишниот фудбалер од Охрид ќе биде капитално засилување за тимот од Арачиново, кој има за цел влез во Втора лига.

Ѓорѓиески има настапувано за Еуромилк ГЛ, Вардар, Охрид, Борец, Македонија ЃП, Воска Спорт, Детонит Плачковица и Кожуф.

Во пролетниот дел Шкендија Арачиново треба лесно да го потврди првото место и со тоа да обезбеди бараж за Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет