Шкендија Арачиново ги започна подготовките со една цел – влез во Втора лига!

Третолигашот Шкендија од Арачиново денес означи старт на зимските подготовките, а целта на клубот е една – тоа е влез во Втората лига.

Тимот денес го имаше првиот тренинг со што започнаа зимските подготовките, а во рамки на истите ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се бруси формата за пролетниот дел, каде Шкендија Арачиново лесно треба да го потврди првото место и со тоа веќе да се насочи кон баражот.

Тимот има осум бодови повеќе во однос на Фортуна која е втора на табелата во Трета лига – Север.

Клубот се засили со Иса Абдулахи, Ертан Демири, Мргин Дани, Бесир Бафтијар и Фиктер Љиварека.

Александар Ванев, М-Нет